Свет

Нови детали : Убиецот на четворицата полицајци во Париз неодамна преминал во ислам

 

Четириесет и петгодишниот полицаец, кој уби четворица свои колеги во полицискиот штаб во Париз во четвртокот, неодамна преминал во ислам, јави француската телевизија БФМ ТВ. 

Телевизијата БФМ соопшти дека напаѓачот преминал во ислам пред 18 месеци.

Официјалните лица не кажаа ништо за мотивите на нападот, но рекоа дека сè уште се обидуваат да откријат дали има некаква поврзаност со тероризам.

Напаѓачот прободел тројца полицајци и административен службеник во зградата на седиштето со нож, пред да биде застрелан од полицаец, изјави парискиот обвинител Реми Хеиц.

Едно лице е повредено и е подложено на операција.  

Нападот се случил во полицискиот штаб во историскиот центар на главниот град, во близина на катедралата Нотр Дам, каде се наоѓаат неколку полициски штабови на Париз.

Напаѓачот работел во Дирекцијата за разузнавање во Полициската префектура, во одделот за ИТ.

„Осомничениот го започнал нападот во неговата канцеларија од каде излегол и го продолжил нападот на друго место во префектурната зграда“, рече за БФМТВ, Лоик Траверс, водачот на синдикатот на Националната полициска унија.

Related posts

Leave a Comment