Свет

Нуклеарен напад врз Русија: Американски сенатор се закани со атак врз Кремљ(ВИДЕО)

НУКЛЕАРНО ВО РУСИЈА?  Американскиот сенатор претстави вознемирувачки план за акција во случај на инвазија на Украина

Републиканскиот сенатор од Мисисипи, Роџер Викер, даде вознемирувачко интервју за Фокс њуз во кое си поигрува со можноста за нуклеарен напад врз Русија во случај Америка да се вклучи во конфликтот околу Украина.

„Не би исклучил воена акција. Мислам дека е грешка да се отстрани таа опција од масата, па се надевам дека претседателот ќе ја задржи“, рече Викер за потенцијалниот конфликт со Русија.

На прашањето како замислува воен конфликт со Русија, Викер рече дека тоа може да значи испраќање американски бродови во Црното Море и уништување на воените капацитети на Русија.

„Не би отфрлил испраќање американски војници на терен“, рече сенаторот, додавајќи дека САД исто така не треба „да ја исклучат нуклеарната акција“, бидејќи Америка мора да покаже цврстина во преговорите со Русија.

Коментарите на Викер ги запалија социјалните мрежи. Иако имаше и такви кои ги поздравуваа, имаше и корисници кои сметаа дека идејата за користење нуклеарно оружје е „луда“. Специјалниот советник на Бајден за нуклеарна безбедност, Џон Волфстал, ги оцени зборовите на Викер како „опасни и неодговорни“.

Од друга страна, републиканскиот конгресмен од Илионоис, Адам Кинзингер го поддржа Викер.

„Русија ќе напредува додека не удри во ѕидот. Ние можеме да бидеме тој ѕид или можеме да се повлечеме и да се надеваме дека Москва не се надева на обнова на целиот Советски Сојуз. Историјата се повторува, но ние секогаш ја негираме кога ќе се случи“, рече тој.

Related posts

Leave a Comment