Регион

Орбан ги забрзува преговорите за влез на Србија во ЕУ

Orban za ubrzanje pregovora EU-a i Srbije

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, се обрати до германската канцеларка Ангела Меркел за забрзување на преговорите за пристапување помеѓу Србија и Европската унија, истакнувајќи дека Србија е клучна за пристапот на Западен Балкан во Европската унија.

Орбан на прес-конференција по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин рече дека разговорите со Србија мора да бидат забрзани и завршени, пренесува МТИ .

„Ова е единствениот начин да се стабилизира Западен Балкан“, рече унгарскиот премиер.

Орбан и Меркел, исто така, ветија дека ќе овозможат почеток на разговорите за пристапување со Македонија и Албанија на самитот на ЕУ во март.

Related posts

Leave a Comment