Македонија

Осумнаесет години од масакарот на македонските бранители кај Карпалак

На денешен ден пред точно 18 години во 9:30 часот, на автопатот Скопје – Тетово армискиот конвој составен од пет возила и 120 резервисти влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што биле убиени и масакрирани 10 прилепски резервисти. Да им докажеме на овие десетмина јунаци дека и покрај години поминати ги памтиме како бранители на оваа држава. Ова видео нека им служи за вечен помен на овие десетмина македонски бранители кои го дале најсветото нешто за Македонија – сопствениот живот, оставајќи сопруги, мајки, татковци, синови и ќерки, цели фамилии во црно. Загинаа:

Нане Наумоски († 48) ─ од Прилеп
Сашо Китаноски († 39) ─ од Прилеп
Бранко Секулоски († 42) ─ од Прилеп
Горан Миноски († 29) ─ од Прилеп
Марко Деспотоски († 27) ─ од прилепско Новоселани
Ердован Шабаноски (20) ─ од Прилеп
Љубе Грујоски († 31) ─ од прилепско Пашино Рувци
Дарко Велјаноски († 27) ─ од прилепско Ропотово
Веби Рушитоски (26) ─ од Прилеп
Пеце Секулоски († 29) ─ од прилепско Бело Поле

Македонија и Бранителите ќе ве паметат и споменуваат како храбри синови на оваа напатена Македонија. Нека вашата храброст одекне во срцата на идните поколенија.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ!

 

video
play-rounded-fill

Related posts

Leave a Comment