Македонија

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД Д-Р ЈАДРАНКА БИБАН, ДО СИТЕ ЛЕКАРИ, ЧЛЕНОВИ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД МЕНЕ, Д-Р ЈАДРАНКА БИБАН, ДО СИТЕ ЛЕКАРИ, ЧЛЕНОВИ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Колеги, сакам да Ве известам дека во судскиот процес кој Лекарската Комора на Македонија го покрена против мене во кое ме обвинува за навреда и клевета преку мои постови на ФБ, нивниот адвокат настапува ВО ИМЕ НА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА и тврди дека СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА КОМОРАТА СЕ НАВРЕДЕНИ И НАКЛЕВЕТЕНИ ОД МЕНЕ.
Од Судот бара да ми забрани да пишувам фб постови во врска со комората кои таа ќе ги чувствувала како навреда.
ВО ИМЕ НА СИТЕ ВАС, од Судот бара да ми наложи да и исплатам на Комората 180 000,00 денари како надомест за нематерјална штета, и се разбира притоа да ги исплатам сите трошоци кои Комората ги направила за адвокатски услуги и да ги платам и останатите судски трошоци.

Сакам да знам дали навистина сите вие сте навредени од мене и дали навистина сите вие стоите зад барањата и тужбата на ЛКМ против мене??

Доколку мислите дека треба да се разјаснат дополнителни детали, предлагам да закажеме состанок во ЛКМ со присуство на сите членови.

ПОЈАСНУВАЊЕ:
Мојата реакција на фб започна кога во име на ЛКМ до медиумите беше испратена НЕПОТПИШАНА реакција против мене со навредлив, клеветнички и омаловажувачки став на Комората кон мене и истиот беше објавен на повеќе медиуми.

Откога непознатите и непотпишаните испраќачи на таа реакција не се одзваа на моите повици за јавно соочување и аргументирање, јас повторно им се обратив преку мојот ФБ профил со написот:

КОПИЛИЊА, Д-Р ЈАДРАНКА БИБАН НЕ Е НА ПРОДАЖБА!!
Вие копилиња што се криете позади организација Лекарска Комора на Македонија, вие кои и името свое ви е страв да си го напишете, вие ли пробавте ДОКТОР ДА ЗАМОЛЧИТЕ??
Од чиј газ ве испостраа и ве ставија да растурате цело здравство, мамичето ваше??
Вие ли мене ќе ме замолчувате, да не си ја вршам мојата професионална должност?? Мислев дека сте вистина доктори па ве повикав јавно да се разбереме. Сега сум сосема сигурна дека вие не само што не сте доктори, туку сте најтешката болест на здравството во државава. Кој ви даде вас право цела лекарска фела да заебавате и уште некакви лиценци да делите? Уништивте се што беше хумано во здравството, уништивте цел лекарски еснаф, ја уништивте лекарската заклетва, ВИЕ ГО УНИШТУВАТЕ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО!! Пробавте и мене да ме уништите? Можда можете да ми го уништите телото, мислејќи дека сте ме уќуткале, но вистината која ја кажувам никогаш нема да ја уништите. И таа ќе ве удира стално по тие тиквите празни што ги носите на рамена, стално ќе ве убива кога ќе ги трошите вашите валкани пари по скапи одмори и луксузни јахти.
Со години ве толерираат стотици доктори кои се малтретирани и заплашувани, наместо да ве исекнат и да ве плеснат ко мрсул на тротоар.
Овој пат вие не нагазивте на мина, нагазивте на нешто мнооогу појако, нагазивте на Д-Р БИБАН, КОЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА!!
Ќе ја тераме до крај!!!

Д-р Јадранка Бибан

Следните мои реакции во вид на ФБ написи можете да ги погледнете на мојот ФБ профил..

Related posts

Leave a Comment