Приштина – Косовскиот министер за надворешни работи во заминување, Беџет Пацоли, се состана со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска.
Според порталот Косово Онлајн , Пацоли вели дека Палмер зборувал за дијалогот меѓу Косово и Србија, како и за нормализирање на односите меѓу двете земји.
„Денес, на маргините на Форумот Блед, имав средба со американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер. Му честитав на господинот Палмер за неговата нова позиција“, напиша Пацоли на својот профил на Фејсбук.