Регион

Пацоли : Не сакаме русин за известувач

 

Приштина – Изборот на Русинот на Алексеј Кондратиев за известувач на парламентарното собрание на СЕ за Косово претставува „безбедносна опасност“, рече Пацоли.

Министерот за надворешни работи на заминување во привремените приштински институции, Беџет Пацоли, исто така, вели дека Приштина не треба да соработува со него.

Пацоли, на својот профил на Твитер, изрази длабока загриженост за номинацијата на Алексеј Кондратиев за известувач за Косово.

„Кондратиев е закана за националната безбедност на Косово и ние нема да прифатиме негово можно именување или соработка со него. Потребно е  да се размисли двапати пред да се направи ваков чекор“, напиша Пакцли на Твитер во вторникот.

Според претходниот извештај на германски „Билд“, Комисијата за политички прашања и демократија на парламентарното собрание на Советот на Европа го избра Кондратиев за „известувач за Косово“.

Официјално, задача на известувачот е да го информира Советот на Европа за развојот на демократијата на косовската територија, а особено за спорот со Белград. Избраниот функционер, пишува „Билд“, всушност ќе стане амбасадор на Советот на Европа во Косово и, меѓу другото, ќе добие широк пристап до доверливи информации.

Кандидати за функцијата се пратеникот во Бундестагот Питер Мејер (ЦДУ), кој веќе неколку години работи на прашањето околу Косово и Србија, претставник на Холандија и Русинот Кондратиев, кој од јуни 2019 година стана член на парламентарното собрание на Советот на Европа.

Германскиот весник пишува дека Кондратиев бил офицер на специјалната воена служба на ГРУ до 2010 година, а од 1999 до 2001 година бил дел од рускиот воен контингент во Косово.

Related posts

Leave a Comment