Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по повод наводите на британскиот премиер Борис Џонсон кој изјави дека Владимир Путин немало да ја нападне Украина доколку е жена,Зигмунд Фројд би бил заинтересиран да го проучува неговиот случај.
Дмитриј Песков изјави за РИА Новости дека „стариот Фројд би сонувал за таков истражувачки објект во текот на својот живот“.
Џонсон претходно изјави дека Путин немало да ја нападне Украина ако е жена .
„Да беше Путин жена, што очигледно не е, но ако беше, мислам дека немаше да влезе во оваа луда, мачо војна и насилство, како што влезе“, изјави Џонсон за германската телевизија ЗДФ по самитот на Г7. во Германија.
Џонсон оцени и дека она што Путин го прави во Украина е „совршен пример за токсична машкост“.