Британскиот писател Салман Ружди беше нападнат во Њујорк пред форумот на кој требаше да учествува.
Ружди, кој е роден во Индија и чиј роман доведе до смртни закани и фатва од иранскиот режим, беше прикажан како лежи на подот на амфитеатарот на институтот Чаутауква во Њујорк.
Новинар на Асошиетед прес видел маж како упаднал на сцената и почнал да го удира или прободува Ружди додека го претставувале.
Писателот ничкум паднал на подот, а човекот бил соборен. Според информациите, напаѓачот е во притвор.
Книгата на Ружди „Сатански стихови“ е забранета во Иран од 1988 година, бидејќи многу муслимани ја сметаат за богохулна.
Една година подоцна, тогашниот ирански лидер ајатолахот Хомеини издаде фатва, или указ, повикувајќи на смрт на Ружди.
Иран понуди награда од над три милиони долари за лицето кое ќе го убие Ружди.
India born author Salman Rushdie stabbed on stage at an event in New York. Attacker arrested by the Police. Rushdie had faced multiple death threats from Islamists since years after writing The Satanic Verses. Prayers for him 🙏pic.twitter.com/hUe9G0wq6n
— Shuvankar Biswas 🇮🇳🇮🇳 (@iamshuv) August 12, 2022