Здравје

Повеќе од 3.000 луѓе кои ја примиле вакцината на Пфајзер во САД доживеале несакани ефекти

UK first to approve Pfizer-BioNTech Covid-19 vaccine for rollout 'next week'

Повеќе од 3.000 луѓе кои ја примиле вакцината на Пфајзер во САД доживеале несакани ефекти кои биле класифицирани како „ неможност за извршување на дневни задачи “, а меѓу нив имало и такви кои морале да побараат лекарска помош.

Статистичките податоци за првите пет дена од вакцинацијата беа објавени од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ). Ова е периодот помеѓу 14 и 19 декември, во кој 112.807 луѓе ја примиле првата доза на вакцина против коронавирус на Пфајзер.

Сепак, 3.150 луѓе (2,8 проценти) имале несакани ефекти кои ЦДЦ ги опишува како „ настани што влијаат врз здравјето “ во форма на неможност за вршење на нормални дневни активности, неможност за работа, барање помош од лекар или професионалец од здравствената заштита.

Важно е да се напомене дека од споменатите 3.150 случаи, само 6 случаи се однесуваа на сериозна алергиска реакција, анафилактичен шок, додека кај други случаи беше утврдено дека не станува збор за анафилакса, туку за поблаги несакани ефекти на вакцината.

Во меѓувреме, Њујорк пост објави дека вакцината против коид на Фајзер „ предизвикува повеќе алергиски реакции отколку што се очекуваше“. 

Related posts

Leave a Comment