Поголема група лица вчера нападнале вработени во Старата Градска болница во Скопје, а кога дошла полицијата да интервенира, инцидентот станал поголем зошто групата се нафрлила и на нив.
Во болницата, како што пренесува А1.он, бил донесен пациент со исекотина на раката, а групата сакала да го заштити и почнала да ги напаѓа вработените. Бил нападнат и персоналот и обезбедувањето, а кога била викната полиција, тие ги нападнале и нив.
– Инцидентот се случи околу 2-3 часот, а болницата беше затворена, за да не дојде до поголем инцидент, велат од болницата за А1.он.
Вакви инциденти се чести, а еден вработен во обезбедување е немоќен да се справи со група насилници.
И утрово на затворена врата на болницата наидоа многу пациенти.