Свет

Помпео: Потребна е фундаментална реформа на Светската здравствена организација

West Bank annexation up to Israel: Pompeo - France 24

ВАШИНГТОН – Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека е неопходна фундаментална реформа на Светската здравствена организација после раководењето со пандемијата на коронавирус и дека САД, најголемиот донатор на СЗО, можеби никогаш нема да ги обноват финансиите за тоа тело на ООН.

 

„Мислам дека треба да  сериозно да се позанимаваме со СЗО и со тоа што ќе направиме“, изјави Помпео за „Фокс њуз“ доцна синоќа, пренесе Ројтерс.

„Ја реформиравме уште во 2007 година, така што ова не е првпат да се соочиме со недостатоците на оваа организација лоцирана во рамките на Обединетите нации“, рече Помпео, додавајќи дека е потребна поправка, структурно решение за СЗО.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прекина финансирањето на СЗО минатата недела сè додека Вашингтон не процени како Светската здравствена организација се справила со пандемијата на вирусот.

Тој го обвини СЗО дека промовира кинеска дезинформација за вирусот, велејќи дека тоа најверојатно ја влошило епидемијата.

Официјални претставници на СЗО рекоа дека ги алармирале земјите-членки за појава на епидемијата на почетокот на оваа година.

Related posts

Leave a Comment