Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да употреби воена сила доколку има потреба, изјави државниот секретар Мајк Помпео на прашањето за нападот на Турција врз Курдите во северна Сирија, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Мајк Помпео изјави дека Соединетите држави „претпочитаат мир отколку војна“.
„Меѓутоа, ако е потребно кинетичко или воено дејствување, треба да знаете дека претседателот Трамп е целосно подготвен да ги преземе тие активности“, истакна Помпео.
Трамп, беше жестоко критикуван за неговата одлука да ги повлече трупите од северна Сирија и да ги остави Курдите, кои беа сојузници на САД во војната против Исламската држава.
Повлекувањето предизвика упад на Турција врз граничната зона во северо-источна Сирија, поради што повеќе од 120 цивили загинаа, според американската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во САД, пренесува Си-Ен-Би-Си .