Колумни Македонија

Поништување на Преспа – Роберт Милески

 

ВМРО-ДПМНЕ преку свои гласноговорници шири две тези во врска со преспанската капитулација. Првата е дека за измени е потребно двотретинско мнозинство и втората дека е потребно и Бадинтерово мнозинство (од помалите етнички заедници).

Двете тези се во суштина неточни и не сакам да верувам дека им служат како оправдување за непреземање мерки против преспанскиот доколку дојдат на власт.

Прво за Бадентер, нема член на Уставот кој што не може да се промени со двотретинско мнозиство. Па побогу, ако сака, парламентот може сосема да го поништи Уставот и да изгласа нов! Може ако сака и држата да ја укине во овој облик!

Но, да се вратиме на Преспа. Имено преспанската капитулација е потпишана од министер за надворешни работи кој што немал никакво право да потпише таков договор. Понатаму, самиот договор е отфрлен на референдум! За крај, договорот е инкорпориран во правниот поредок на Македонија насилно, преку уцена на пратеници. Овие три главни постулати во суштина го прават договорот ништовен!

Доколку ВМРО-ДПМНЕ или која било друга опозициска партија сака да се спротивстави и договорот да го анулира, тоа ќе може да го направи многу едноставно. Ќе треба да се оди паралелно преку три компоненти.

Првата е судски предмет против сите инволвирани, во кој одредени уценети пратеници ќе признаат дека им се вршени директни закани (што повеќе признаат, тоа подобро за нив, како олеснителна околност), а јавното обвинителство ќе обезбеди и дополнителни докази да го докаже делото на уцена.

Втората компонента е Собранието. Тоа ќе мора со нормално мнозинство да констатира заклучоци дека преспанскиот договор е капитулација, донесена на криминоген начин и затоа Собранието нема да постапува по истиот, ниту ќе го смета за релевантен. Собранието истите наредби ќе ги испрати и до Владата, која, постапувајќи според нив, ќе ги врати имињата на сите институции.

Третата комопнента е најзначајната, таа ќе мора да се одвива преку политички коректен уставен суд (ако сегашниот не е, ќе мора таков да се креира, на балкански начин поздравен од Хан) кој ќе ја поништи капитулацијата. Во целото сценарио вршителот на должност Претседател на РМ ќе треба максимално да се изолира и игнорира, како да не постои.

Затоа, драги опозиционери, ќе ве молам без продавање магла, белки некој од вас ќе застане на страната на македонскиот народ и држава. Ако не, тогаш оној муртински лажов нема потреба да го менуваме, нека владее уште 20 години, оти, што фајде ако го смениме!?

Роберт Милески

Loading...

Related posts