Свет

ПОРТПАРОЛОТ НА ПУТИН ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН ПОРАДИ КОРОНАВИРУС

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, е хоспитализиран со коронавирусна инфекција, јавуваат руските медиуми.

Според медиумите, тој потврдил дека се наоѓа во болницата и дека е заразен со коронавирус.

„Да, јас сум болен. Ме лекуваат“, рече Песков, додавајќи дека се наоѓа во болница.

Не е познато кога Песков последен пат го видел претседателот Владимир Путин, кој со недели е во неговата резиденција надвор од Москва.

Според руските медиуми, хоспитализирана е и Татјана Навка, сопруга на Дмитриј Песков. Таа рече дека таа и нејзиниот сопруг се под постојан медицински надзор.

– Имав висока температура два дена, сега се чувствувам подобро. Велат дека жените го поднесуваат овој вирус многу подобро. Дмитриј е исто така стабилен, се е во ред со него – кратко изјави Татјана за медиумите.

Related posts

Leave a Comment