Свет

После едномесечна потрага телото на млад маж пронајдено на околу 100 метри од каде што француската полиција примени сила

 

Телото на младиот Французин Стив Каник, кој е пријавен за исчезнат скоро еден месец, е пронајдено во реката Лоара во Нант, а премиерот Едуард Филип вети дека ќе започне темелна истрага.

Каник беше пријавен за исчезнат по полициската пресметка со група млади кои присуствуваа на забава покрај реката. Неколку млади паднаа во вода за време на судирите со полицијата.Полицијата пукаше со солзавец и наводно турнала неколку млади луѓе во реката.

Телото е пронајдено на неколку стотици метри од каде последен пат е виден Каник, ноќта помеѓу 21-22 јуни.

По исчезнувањето на Каник,  беа организирани демонстрации од граѓани кои сметаат дека полицијата употребила преголема сила. 

Обвинителот на Нант Пјер Сена рече дека ќе биде потребно да се изврши обдукција и други истраги за да се утврди причината за смртта на младиот Каник. 

Related posts

error: Content is protected !!