Свет

Постигнат е договор за Брегзит, Северна Ирска ќе гласа против во британскиот парламент

Европската унија и Велика Британија постигнаа нов договор за Брегзит, кој исто така го регулира прашањето за Северна Ирска, што беше камен на сопнување за време на преговорите.

Според  новиот договор постигнат денес во Брисел , прашањето за Северна Ирска содржи четири клучни елементи, од кои два се за прописите и царината.

Северна Ирска ќе остане ускладена со прописите за еден пазар. Проверките ќе се одвиваат на пристаништата и аеродромите во Северна Ирска, а не на границата.

Одговорноста за спроведувањето на правилата на ЕУ во Северна Ирска ќе остане на властите на Велика Британија.

Кога станува збор за царините, Северна Ирска ќе остане дел од британската царинска зона.

Ова значи дека ќе биде вклучена во сите идни трговски договори што британската влада ќе ги склучува по Брегзит. 

Сепак, Северна Ирска ќе биде и влезна точка во единствената европска царинска зона.

На стоката која од Велика Британија ќе влезе во Северна Ирска ќе бидат применети британски царини,се додека таа стока не е наменета за транспорт вон границите.

За стоките кои можат да влезат на единствен пазар, Велика Британија ќе наплаќа европски тарифи во име на ЕУ.

Периодот на транзиција треба да трае до крајот на 2020 година, пишуваат медиумите.

Ирската Демократска унионистичка партија (ДУП), соопшти дека не сака да го прифати договорот. Гласовите на ДУП се клучни за изгласувањето на договорот во британскиот парламент.

 

Related posts

Leave a Comment