Францускиот истражувач Лук Монтање, почина на 89 години, тој ја подели Нобеловата награда за медицина за неговите витални рани откритија за СИДА-та, но подоцна беше отфрлен од научната заедница поради неговите сè почудни теории за мејнстрим науката во служба на фармакологијата, особено за Ковид-19.Сомнежи подгрева не објавувањето на неговата смрт од страна на медиумите, иако уште на осми овој информацијата за истата протече низ целиот свет.
Монтање е роден на 8 август 1932 година во Шабрис во регионот Индре во централна Франција.
Откако го предводеше одделот за СИДА на институтот Луј Пастер од 1991 до 1997 година, а потоа предаваше на колеџот Квинс во Њујорк, Монтање постепено се оддалечуваше од мејнстрим научните кругови, предизвикувајќи голем број контроверзии.
Тој постојано сугерираше дека аутизмот е предизвикан од инфекција и поставуваше многу критикувани експерименти за да го докаже тоа, тврдејќи дека антибиотиците може да ја излечат состојбата.
Тој изненади многу од неговите врсници кога зборуваше за наводната способност на водата да го задржи сеќавањето на супстанциите.
Веруваше дека секој со добар имунолошки систем може да се бори против ХИВ со правилна исхрана.
Монтање ги поддржа теориите дека ДНКта остава електромагнетна трага во водата што може да се користи за дијагностицирање на СИДА и Лајмската болест и се залагаше за терапевтските квалитети на ферментираната папаја за Паркинсонова болест.
„Бавен научен бродолом“
Тој постојано заземаше позиции против вакцините, при што во 2017 година заработи остра опомена од 106 членови на Академиите на науките и медицината.
Францускиот дневен весник Le Figaro го опиша неговото патување од водечки истражувач до чудак како „бавен научен бродолом“.
За време на пандемијата на Ковид, тој повторно се истакна, наведувајќи дека вирусот САРС-КоВ-2 е лабораториски направен и дека вакцините се одговорни за појавата на варијантите на истиот.
Овие теории, отфрлени од виролозите и епидемиолозите, го направија уште повеќе неомилен во квази научниот свет, но херој за француските антиваксери и сите здравомислечки луѓе ширум светот.
Редакцијата на Слободен Свет беше прва во Македонија која ги објави неговите ставови во врска со Ковидот.
Линкови: Француски Нобеловец : Корона вирусот сигурно е настанат во лабораторија во Вухан
Нобеловецот Лук Монтање: Ковид Вакцините се одговорни за новите врсти на вирусот
Тој, за нас беше и ќе остане еден од најзаслужните борци за правото на избор и за ширење на вистината до секој поединец на земјината топка. СЛАВА МУ.