Тенис

ПО СРЕДБАТА СО БИЛ ГЕЈТС, НАДАЛ МУ ПОРАЧУВА НА НОВАК ЃОКОВИЌ ДЕКА ЌЕ МОРА ДА СЕ ВАКЦИНИРА

 

Рафаел Надал нема дилема. Ако организаторите на  белиот спорт решат дека е потребна вакцина за да се продолжи со турнејата, тогаш сите ќе бидат обврзани да го сторат тоа.

Вклучувајќи го и првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ , кој на Велигден, 19 април, рече дека пред вакцинацијата треба да се види дали има некој друг безбеден начин да се продолжи нормално сезоната и дека треба да се почитува слободата на избор, односно дека никој не треба да се присилува на вакцинација доколку не сака да го стори тоа.

Надал истакна дека секој има право на мислење, но дека најдобриот тенисер на светот ќе мора да се вакцинира доколку тоа е задолжително на Турнејата.

– Не знам, јас сум никој. Никој не може да бара ништо од некого. Секој е слободен и има право да прави што сака. Ако некој е дел од Турнејата, тогаш можеби би требало да се придржува кон правилата доколку е потребна вакцинација за да се заштитат сите играчи. Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира доколку сака да продолжи да игра тенис на највисоко ниво, како и јас, рече Надал во интервјуто за шпанскиот весник „Ла вос“.

Инаку, Рафа претходно годинава, разговараше со Бил Гејтс, што беше откриено од неговиот чичко Тони .

Шпанецот нема дилема кога станува збор за вакцинирање.

– Ако АТП или ИТФ не принудат да се вакцинираме за да продолжиме да играме тенис, тогаш ќе мораме тоа да го сториме. Тоа ќе биде како што имаме ограничувања за земање лекови за да се спречи допинг. Тоа е само придржување кон правилата “, заврши Надал.

Related posts

Leave a Comment