Свет

Првата фаза на тестирање е завршена, руската вакцина е безбедна

Volunteers who took the Russian vaccine against COVID-19 got ...

МОСКВА – Тестовите на вакцината против корона вирусот на волонтерите се успешно завршени на Универзитетот во Сеченов, а резултатите ја докажуваат нејзината ефикасност, изјави денеска раководителот на истражувачкиот тим, Елена Смоjарчук.

 

„Истражувањето е завршено и докажано е дека вакцината е безбедна, волонтерите ќе бидат отпуштени на 15 и 20 јули“, рече Смоjарчук за Тасс.

Таа додаде дека волонтерите ќе останат под медицински надзор.

Директорот на Институтот за медицинска паразитологија, тропски и преносни болести на Универзитетот, Александар Лукашев исто така рече дека безбедноста на вакцината е потврдена во оваа фаза.

„Таа е на исто ниво како и безбедноста на вакцините што веќе постојат на пазарот“, рече Лукашев.

Од Институтот наведуваат дека, покрај треската, немало повеќе несакани ефекти кај волонтерите првите неколку дена по вакцината, и дека сите се чувствуваат добро.

Првата фаза на тестирање на вакцината на универзитетот Сеченов започна на 18 јуни, кога беа вакцинирани 18 доброволци, додека втората група од 20 волонтери беше вакцинирана на 23 јуни.

Related posts

Leave a Comment