РИО ДЕ ЈАНЕИРО – Претседателот на Бразил завршил во болница откако паднал во претседателската палата, при што локалните медиуми објавија дека Жаиро Болсонаро се лизнал во бањата и ја удрил главата.
Болсонаро (65) синоќа бил префрлен во воената болница во Бразил, каде по прегледот, било утврдено дека се е во ред.
Бразилскиот претседател, сепак, ќе остане во болницата во наредните 12 часа за да се следи неговата состојба, соопшти канцеларијата на претседателството.
Во изјавата не се откриени детали за инцидентот, но бразилските медиуми објавија дека Болсонаро се лизнал во бањата и ја удрил главата.
На почетокот на месецот, Болсонаро, наводно, се пожалил до советниците дека се чувствува крајно уморен и побарал неговите должности да бидат намалени до крајот на годината, пренесува АП.