Околу 16:00 часот на Кањон Матка, Б.И. (32), З.Л. (31) и К.Џ.(31) сите од Тирана-Албанија, И.А. (21)и Х.Л.(32) двете од Босна и Херцеговина и А.Б. (36) од Тетово биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата. За да избегнат проблем, се качиле во такси возило и се упатило кон Сарај. По нив тргнало “Ауди“ со кое кога пристигнале во близина на плоштад “Иса Булетини“ во Сарај им бил попречен патот и такси возилото принудно запрело. Тогаш од “Ауди“ излегол возачот и започнал да го навредува и да упатува пцовки и закани насочени конкретно кон А.Б. и во еден момент физички го нападнал. Во меѓувреме на местото на настанот пристигнале УПС и од нивна страна напаѓачот е лишен од слобода. Подоцна е утврдено дека се работи за А.Ј. (30) од Скопје.