Свет

ПРОВОКАЦИЈА ВО АЗОВСКОТО МОРЕ: Украинскиот воен брод „Донбас“ плови кон Керчко Море игнорирајќи ги руските предупредувања

Командниот брод „Донбас“ на украинската морнарица плови во правец на Керчко Море и не одговара на барањата за промена на насоката, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија.

Командниот брод „Донбас“ исплови од пристаништето Мариопол и тргна во правец на Керчко Море. Украинската страна не поднела барање за премин низ каналот Керч-Јеникалски, согласно задолжителните прописи на поморското пристаниште Керч, се наведува во соопштението.

Како што беше прецизирано, бродот на крајбрежната стража на граничната служба на ФСБ на Русија го предупредил украинскиот брод дека мора да го почитува рускиот закон (делот што се однесува на поднесување на потребното барање за минување низ Керчко Море). Одговорот беше дека не планираат да пловат низ Керчко Море.

Во моментов, според ФСБ на Русија, бродот „Донбас“ е оддалечен 18 наутички милји од Керчко Море и не одговара на барањата за промена на насоката.– Овие акции претставуваат закана за безбедноста на пловидбата – прецизира руската страна.

Related posts

Leave a Comment