Македонија

Продолжија несогласувањата во МВР

Ден пред состанокот на врвот во МВР, не запираат преписките. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за Алсат уверува дека ситуацијата со граничните премини е под контрола. Утре на состанокот Чулев ќе провери каде треба да се засили полицијата. За различните позции со дополнителната заменик министерка Славјанјка Петровска, Чулев не сакал да дозволи да бидат пречка за редот и мирот во државата. Но, не ја коментира кривична пријава која му ја најави Петровска.

„Сакам да се фокусирам на суштинските работи. Во понеделник ќе имаме состанок со дополнителниот министер, заменикот, директорот на БЈБ, заменик директорот на БЈБ и одредени раководители и ќе разговараме за заедничко решавање на предизвиците при што цврсто ќе настојувам на ставот да се почитуваат правни и професионални критериуми за сметка на политичките“-изјави Наќе Чулев, технички министер во МВР.

Не мируваат и партиите. За СДСМ кадрите на нивните политички опоненти покажеле непознавање во фелата. Владејачката партија обвинува дека наместо за грижа на фер избори, ВМРО ДПМНЕ во предната Влада прави партизација и блокирање на работата во институциите.

„Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев го нарушува функционирањето на полицијата и ја загрозува безбедноста на граѓаните. Загрозувањето на безбедноста на граѓаните, на границата и државните објекти е кривично дело. ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои сакаат да го загрозат територијалниот интегритет на државата. Постапките на Чулев покажуваат дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ“-рече Снежана Калеска – Ванчева, пратеник на СДСМ.

Опозицијата возврати дека врвот на СДСМ се плаши од смените во МВР. Обвинуваат дека Петровска е назначена за да го штити криминалот и да спречи професионализација на полицијата.

„Впрочем Петровска нема ниту ден работно искуство во областа на безбедноста. Единствена додирна точка и беше седењето во шатор пред владата каде хулигани напаѓаа и повредија десетици полициски службеници. Заев, Спасовски и Петровска се во паника бидејќи веќе не може да се потпрат на услугите на Примислав Димовски кого си го назначија за началник на интервентната единица“-изјави Орце Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Петрова вчера најави кривична пријава за Чулев. Таа објави дека техничкиот министер во МВР ги прекинал наредбите на службениците во други организациони единици и дека безбедноста на државата е доведена во опасност. Петровска, пред да стане втор потписник во МВР, беше во Кабинетот на претходниот минситер, Спасовски.

Related posts

Leave a Comment