Европа

Протести во Молдавија поради страв од војна: „Ние сме неутрална земја“

AP Photo/Орел Обри

Неколку илјади луѓе денеска одржаа протест пред германската амбасада во главниот град на Молдавија, Кишињев.

Тие побараа почитување на неутралноста на Молдавија и изразија незадоволство од милитаристичката реторика на раководството на земјата.

Активисти носеа транспаренти со натписи „Кажи не на војната“ и „Молдавија е неутрална земја“, пренесува ТАСС.

„Дојдовме пред германската амбасада со барање да ја почитуваат неутралноста на Молдавија и да си ги земат нивните оклопни возила што ни ги донираа. На народот на Молдавија им треба денес“, напиша еден од демонстрантите на својот Фејсбук профил.

Германија претходно и достави на Молдавија шест оклопни транспортери од типот Пирана и друга воена помош. Во првата половина од оваа година Молдавија ќе добие вкупно 19 борбени возила, а се очекува и испорака на беспилотни летала, јави ТАСС.

Воена помош за Молдавија најавија САД, ЕУ и НАТО, а според податоците на молдавското Министерство за одбрана, таа земја веќе добила мало оружје.

Related posts

Leave a Comment