Македонија

Протести на администрацијата и помошно- техничкиот персонал во здравството

Администрацијата и помошно- техничкиот персонал вработен во рамки на здравсвото денеска излегоа на протест поради незадоволството од нивните плати.

Медицинската администрација е револтирана поради тоа што не добиле зголемување на платата заедно со лекарите и медицинските сестри.

Ресорниот министер Филипче пред два дена рече дека не можат администрацијата да ја одделат од останатата администрација.Здравствената администрација и административно- техничкиот персонал велат дека се изманипулирани од страна на министерот за здравство д-р. Венко Филипче и здравствениот синдикат, за зголемување на нето платата.

-До кога административно- техничкиот персонал ќе биде дискриминиран и манипулиран, бидејќи и овие вработени имаат семејства и се борат за опстанок- се запрашуваат од Независниот синдикат на административно- техничките работници.Велат дека доколку не се исполнат нивните барања, како што се договориле со Министерот за здравство, Венко Филипче, протестите ќе се прошират на ниво на целата земја.Протестот беше поддржан и од хирурзите кои се солидаризираа со помошно-техничкиот персонал.

Related posts

Leave a Comment