Соопштенија

Протест на Македонците против изборниот фалсификат и северна пред ЕУ во Брисел

Протест на Македонците против изборниот фалсификат и северна пред ЕУ во Брисел

Како и што се најави претходно, Македонците од Европа го одржаа својот протест против политиките на ЕУ и нејзината подршка за изборниот фалсификат како и уценувачките услови во случајот со преговорите со Македонија .

И покрај неповолната здравствена ситуација поврзана со забрана на патувања, повеќе десетици Македонци дојдени од Швајцарија , Белгија , Англија , со песни и револт го искажа својот гнев но и желба за продолжување на борбата за македонските вистини и неправди.

Никогаш северна, секогаш Македонија; ЕУ подржува изборен фалсификат; Ние сме Македонци ; Стоп за предавничката анти македонска влада…..; ќе можеа да се видат натписите од вчерашниот собир .

Протестни писма беа адресирани до
најодговорните личности и органи на Европската Унија .

Брисел , 19 септември , 2020 година

Кооординативно тело на Македонците во Европа

Related posts

Leave a Comment