НастаниПсихологија

ПСИХОТЕРАПЕВТ ДАНЧЕ ПАУНОВСКА: ПСИХОЛОШКА РАБОТИЛНИЦА, ЛАГИ И ЕМОЦИИ (ВИДЕО)

Деновиве во просторот на старо матично, беше одржана работилница под наслов Лаги и Емоции. Работилницата беше во организација и водство на психотерапевтот Данче Пауновска, членка на македонската асоцијација на психолози и психотерапевти.

Целта на работилницата беше да се научи како преку експресија на емоциите да се препознаат лагата и вистината кај поединецот.Со помош на интерактивни вежби со учесниците беа демонстрирани методите на откривање. Секоја од вежбите беше пропратена со аплаузи и овации од публиката која беше видно задоволна од работилницата. Во преполната сала, доминираше

сигурното излагање на Данче Пауновска која одлично ги постави вежбите кои им беа поделени на учесниците. За одбележување е дека ова беше авангардна работилница надвор од клишеата и беше надополнета со учество на модератор и дел од учесниците.

На учесниците во работилницата им беа поделени сертификати за партиципација во истата. Инаку ова е прва работилница од неколкуте кои следат на тема емоции во организација на центарот за психологија и психотерапија Селф со кој раководи Пауновска. Инаку, Пауновска, има долгогодишно искуство во организирање на психолошки и мотивациски работилници, меѓу другото таа е колумнист за порталот Слободен Свет, каде што пишува на тема психотерапија.

Во иднина таа планира и циклус емисии каде што ќе ги презентира своите методи на работа пред пошироката Македонска публика.

 

 

 

 

Related posts

Leave a Comment