Боливија е на работ на хаосот и постои вакуум на власт по оставката на поранешниот претседател Ева Моралес, изјави рускиот претседател Владимир Путин .
Тој пред новинарите за време на самитот БРИКС во Бразил изјави дека се надева дека секој нов боливиски лидер ќе продолжи да соработува со Москва.
„Имаме ситуација кога воопшто нема авторитет. Земјата е на работ на хаосот“, истакна Путин.
Рускиот претседател истакна дека сè рапидно се менува во Латинска Америка и дека треба да се надеваме дека здравиот разум ќе преовладува.Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави денеска дека Москва е подготвена да соработува со привремениот лидер на Боливија, но истакна дека опозициската сенаторка Џанина Ањез, која се прогласи за привремен претседател на земјата, дојде на власт без целосен кворум во парламентот.
Русија го нарече доаѓањето на власт на Ањез,организиран пуч.
Руското Министерство за надворешни работи ја обвини опозицијата во Боливија дека започнала насилство што го спречило Моралес да го заврши неговиот мандат.