Признавање на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризација и денацификација на украинската држава и обезбедување на неутрален статус на Украина.
МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека решението на кризата во Украина е можно само ако, безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, вклучувајќи го и признавањето на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризацијата и денацификацијата на украинската држава.и обезбедување на неутрален статус на Украина.
Путин му рекол на Макрон дека Москва е отворена за разговори со Киев, објави Кремљ, а пренесува Спутник.
„За време на долгиот телефонски разговор на иницијатива на француската страна, рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон имаа сериозна и значајна размена на мислења за сите аспекти на ситуацијата во врска со Украина“, се вели во соопштението.
Претседателот на Франција денеска разговараше и со украинскиот лидер Володимир Зеленски, соопшти Елисејската палата.