Свет

Путин и Си Џинпинг го продолжија Договорот за добрососедство, пријателство и соработка

Си Jinинпинг и Владимир Путин

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џнпинг го продолжија руско-кинескиот договор за добрососедство, пријателство и соработка, пренесува кинеската централна телевизија.

 

„Претседателот Си Џинпинг и претседателот Владимир Путин одржаа видео конференција на 28 јуни. Лидерите на двете земји дадоа заедничка изјава и официјално објавија дека се продолжува руско-кинескиот договор за добрососедство, пријателство и соработка “, се вели во соопштението.

Путин и тогашниот кинески претседател Џанг Цемин го потпишаа договорот во 2001 година во Москва. Во март годинава Русија и Кина се согласија автоматски да го продолжат договорот за уште пет години.

Related posts

Leave a Comment