Свет

ПУТИН: Нашите цели во Украина се благородни, немаме намера да бидеме изолирани или да дозволиме некој да не изолира

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе разговара со својот белоруски колега Александар Лукашенко на космодромот Восточни за ситуацијата во Украина.

Конфликтот во Украина беше неизбежен, тоа беше само прашање на време, изјави Путин по пристигнувањето во регионот Амур.

„Денес нашите офицери учествуваат во специјалната воена операција во Донбас, Украина. Тие им пружаат помош на народните републики во Донбас. Тие храбро, компетентно и ефикасно ги користат најсовремените видови оружје со уникатни, неспоредливи карактеристики“, рече тој.

Според Тас, Путин е убеден дека целите на операцијата за заштита на Донбас ќе бидат остварени.

Така ќе биде.Нема сомнеж дека руските вооружени сили ќе ги постигнат поставените цели.Целите се апсолутно разбирливи, тие се благородни.Главната цел е да им се помогне на луѓето во Донбас.Властите во Киев поттикнати од Западот , одбија да ги почитуваат договорите од Минск „со цел мирно решение на проблемот во Донбас“, рече Путин, нагласувајќи дека неговата земја не планира да се изолира од остатокот од светот.

Путин исто така изјави дека Москва нема друг избор освен да започне воена операција за заштита на Русија и рече дека Кремљ повеќе не може да толерира геноцид врз луѓето што зборуваат руски јазик во Донбас.

„Од една страна, ние помагаме и спасуваме луѓе, а од друга страна, едноставно преземаме мерки за да ја обезбедиме безбедноста на самата Русија. Јасно е дека немавме избор. Тоа беше правилна одлука“, заклучи Путин. .

Тој додаде: „Немаме намера да бидеме изолирани“.

„Невозможно е строго да се изолира некој во современиот свет – особено во таква огромна земја како Русија“, додаде тој.

Related posts

Leave a Comment