Свет

ПУТИН ПРЕДУПРЕДУВА : Ако Киев го завземе Донбас ќе се случи нова Сребреница

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди за можно сценарио ако украинските трупи ја превземат контролата врз границата со бунтовниците.

Ако украинските трупи ја преземат контролата врз границата меѓу Русија и источниот дел на земјата што ја држат украинските бунтовници, би можело да има масакр сличен на оној во Сребреница што се случи за време на балканскиот конфликт, рече Путин.

Предупредувањето на рускиот претседател дојде еден ден по неговата прва средба со украинскиот колега Володимир Зеленски во Париз.

Помирувањето меѓу украинската влада и силите на самопрогласените реони Донецк и Луганск, кои граничат со Русија, беше главна точка на агендата.

Мировниот план според договорите во Минск вклучува уставни реформи, амнестија на бунтовниците и избор на пратеници за украинскиот парламент кои ќе ги претставуваат жителите на отцепените региони.

Последниот чекор ќе биде украинските трупи да ја преземат контролата над границата.

Киев се согласи на овој план, но истакна дека границата треба прво да се преземе.

Related posts

Leave a Comment