Македонија

РИСТО МИЈАКОВСКИ : ПРАШАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ НА МВР НАЌЕ ЧУЛЕВ, КОЈ ДАДЕ НАРЕДБА ЗА СЕЛЕКТИВНО ПРИВЕДУВАЊЕ НА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ?

Фотографија на Risto Mijakovski.

СЕРИОЗНО ЈАВНО ПРАШАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ на МВР НАЌЕ ЧУЛЕВ:

КОЈ ДАДЕ НАРЕДБА ЗА СЕЛЕКТИВНО ПРИВЕДУВАЊЕ, ЛЕГИТИМИРАЊЕ, тормозење, чукање на домашните врати на присутните на МИРНИОТ Протест и ПОВИКУВАЊЕ на информативни разговори во полициски станици на присутните на Протестот пред Влада на РМ, откако заврши протестот и луѓето си беа тргнати за дома.

Укажувам дека ЦЕЛО време, полицијата уредно го обезбедуваше протестот, а присутните соработуваа и се придржуваа на укажувањата на полицајците за носење на маски и држење на меѓусебна дистанца и мирно ненасилно и дисциплинирано постапуваа?

ЗОШТО НА ВРЕМЕНО, ОД ПОЧЕТОК, ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГО СПРЕЧИ ПРОТЕСТОТ,
ТУКУ ГО ,,МЕНАЏИРАШЕ”/ДОЗВОЛУВАШЕ ДА СЕ ОДВИВА?!

п.с. пред очите на присутните на Протестот, очигледно беше видливо ТЕЛЕФОНСКОТО ДИРИГИРАЊЕ а потоа и ПОСТАПУВАЊЕ на КОМАНДИРОТ, преку кој се СПРОВЕДУВАШЕ ПОЛИЦИСКАТА ,,ОПЕРАЦИЈА”

Related posts

Leave a Comment