ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е ЕДИНСТВЕНО КОРИСЕН КАКО ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА ВО КЛОЗЕТИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА!
Типично западноевропски, римски, англосаксонски е западните инсталации во државите Бугарија и Македонија, познати и како врховистички, денеска евроатлански, да креираат меѓуетнички кризи и апсурдни состојби.
Замајувањето на домашната јавност има една цел и во Бугарија и во Македонија!
Вечно алчните англосаконски западни освојувачи да можат слободно, без надомест (пари) да ги црпат ресурсите и колонизираат државите, регионите.
Наместо бугарскиот државен врв да се грижи за состојбата внатре во Бугарија, каде бугарските демографи ја прогласија Бугарија за клинички мртва, овие инсталации креираат евтин театар, заедно со инсталациите од Македонија.
Затоа Родина Македонија во своите програмски цели јасно ја дава насоката на идните политики:
- Балкан како регион на мирот, со слободен проток на луѓе, добра, идеи. Регион со подеднакви права на сите народи.
- Не во НАТО, Не во ЕУ. Соработка со меѓународни организации само врз принципите на рамноправност и почитување. Повлекување од воените мисии на НАТО и политика на мирољубивост.
- Протерување на сите странски формални и неформални воени формации од територијата на Република Македонија.
- Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства.
- Национализација на сите стратешко важни субјекти и фирми.
- Отпишување на меѓународниот државен долг направен од досегашните корумпирани елити кон глобалистичките финансиски поробувачи и ослободување на Македонецот од подготвеното му вечно финансиско ропство.