ПОДДРШКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДОНАЛД Џ. ТРАМП
Родина Македонија е суверенистичка партија која тежнее да го обедини македонскиот народ, да го поврати своето уставно име Република Македонија, насилно одземено од слугите на глобализмот и да ја врати Македонија на Македонците!
Како суверенистичка партија која се залага за суверено донесување на одлуки во полза на својот народ, наместо за „туѓи дворови“, Родина Македонија ги поддржува сите суверенистички и родољубни движења во светот.
Политиката на администрацијата на претседателот Доналд Џ. Трамп во изминатите четири години покажа дека е политика насочена кон:
– Борба со тероризмот и мир. За време на владеењето на оваа администрација, а во соработка и дејствија на други држави, пред се Русија, терористичката ИСИС исчезна од картата на Земјата и беа ослободени сите ИСИС- контролирани територии. На Блискиот Исток се склучија мировни договори кои никој не можеше да ги замисли. Се очекува сите арапски држави да ги обноват односите со Израел и конечно да завладее вистински, долгорочен мир, наместо досегашните вечни војни, финансирани од глобалистички интереси за одржување на вештачкиот петро-долар. Заради овие напори, Доналд Трамп доби пет номинации за Нобеловата награда за мир;
– Правда. Оваа администрација успеа да промени скоро триста судии во различни судови, вклучувајќи и тројца судии во Врховниот Суд. Со овие промени се очекува засилено спроведување на законот и редот според Уставот и Законите.
– Живот. Претседателот Доналд Џ. Трамп потпиша Акт со кој забрани убивање на живородено бебе при абортус. Воспостави фонд за помош на децата и жените спасени од трговијата со луѓе и педофилија;
– Борба со нелегалната трговија на луѓе и деца. За време на раководењето на администрацијата на Трамп, постигнат е рекорд во апсење на луѓе инволвирани во нелегална трговија со деца и луѓе. Решителноста за сузбивање на ова зло е висока и тоа го гледаме преку секојдневните вести за апсење на педофили и останати инволвирани во ова зло од високи и светски размери;
– Грижа за својот народ, особено ветераните. Беа потпишани неколку акти кои изразуваат огромна грижа за постарата генерација на САД, особено ветераните кои се бореле за нејзината слобода;
– Родољупство. Или како што тие го нарекуваат патриотизам. Помеѓу другото, Доналд Трамп потпиша Акт со кој образованието ќе биде засновано на Уставот од 1776 година, учениците ќе ја изучуваат својата вистинска историја на САД, наместо сегашната глобалистичка агенда без историја, сегашност и иднина, програма за растурање на семејството и воведување на педофилијата на мала врата.
– Здравје. Намалени цени на лекови. Се работи на пронаоѓање на нови, евтини лекови кои ќе го подобрат здравјето на луѓето. Го укина претходниот акт на Обама за здравствено осигурување кое значeше само уцена и осиромашување на средната и ниската класа. Ова е сосема во спротивност со досегашните агенди на глобалистите за медицински фашизам. Вакцинирањето е право на избор, никако задолжително, право дадено од самото раѓање на човекот;
– Објави војна на сајбер криминалот;
– Духовност. Велат дека до сега во Белата Куќа немало претседател кој толку се моли на Бог. Неговата духовна посветеност се гледа во секој негов потег, во секој негов збор, во неговата борба за подобро утре;
– Справување со „пандемијата“ од КОВИД-19.
~Никогаш не промовираше затворање на бизнисите, единствено границите, за одреден период. Инсистираше на отворање на верските храмови, ги критикуваше гувернерите кои го затворија својот народ и нивните мали бизниси, а ги оставија да работат на пример продавниците за алкохол како „важни продукти“;
~Го откажа финансирањето на корумпираната СЗО;
~Ја презеде контролата врз податоците за починати од „пандемијата“ врз Центарот за контрола на болести (ЦКБ). После овој чин, ЦКБ започна да објавува починатост од коморбидитет, а не како до тогаш само од КОВИД-19;
~Јавниот обвинител Вилијам Бар го прогласи заклучувањето за еднаков чин на ропството и рече дека овие два чина претставуваат најголемо кршење на правта и слободите на американскиот народ во историјата…
– Економија. За разлика од скоро целиот свет, каде за време на пандемијата, економиите се соочија со голема невработеност, пад на БДП, намалени приходи во државните буџети, САД искажаа раст на Бруто домашниот производ во третиот квартал од оваа година за цели 33.1%, најголем раст во историјата на САД!. Бројот на невработени се врати на исто ниво како пред пандемијата, па дури е и подобрено. Сите индикатори на реалната економија, па дури и на лажната (берзите), покажуваат драстично опоравување. Сето ова беше возможно заради цврстиот преговарачки став со Кина околу тарифите, со што врати голем дел од производството во САД, а пандемијата дополнително беше искористена за производство на вентилатори и медицинска заштитна опрема, наместо увоз на истата. Земјоделците добија огромни бенефиции за производство на храна. САД денес е енергетски независна држава. Нелегалната миграција и трговија е сведена на минимум.
Уште на самото преземање на канцеларијата во Белата Куќа, говорот на Доналд Трамп пред Обединетите Нации е забележан како говор со кој тој стави крај на глобализмот. Оттогаш, секој негов чекор е во насока на рушење на глобалистичките идеи и чекори, а враќање на сувереното одлучување и традиционалните вредности.
Сето ова погоре, но и многу други чинители, нам ни покажуваат дека администрацијата на Доналд Џ. Трамп се залага за исти вредности како и Родина Македонија, впрочем како што би требало тоа да го направи секоја држава на овој свет. Суверенизам не значи нечленување во организации, туку членство под исти, праведни услови за сите, без уцени (како што тоа го прави ЕУ). Суверенизам не значи затворени граници, туку проток на стока и луѓе без криумчарење на дрога, оружје и луѓе. Новите САД ќе бидат пример како треба да се љуби својата нација и држава и тоа очекуваме да се прелее насекаде во светот. Родина Македонија ќе поддржи вакви и слични чекори било каде во светот, Франција, Германија, Италија, Русија, итн.
Во однос на Република Македонија, претседателот Трамп го продолжи важењето на документот со кој сите акции преземени на територијата на Македонија од страна на терористичката ОНА се прогласени за опасност на надворешната политика на САД. Во тој документ се нарекуваме Република Македонија (Северна е во заграда). Очекуваме во вториот мандат, администрацијата на САД повеќе да биде ангажирана на Балканот, со тоа и кај нас, водејќи прифатлива, ненаметнувачка политика на мирољубивост и соработка, а во однос на Македонија, пред сѐ очекуваме голема поддршка во враќањето на нашето Уставно, свето име Република Македонија!
Изразуваме поддршка и надеж за уште еден четиригодишен мандат на претседателот Доналд Џ. Трамп во кој се надеваме, ќе успее да го заврши она што го започна, ставање крај на неолибералните, разурнувачки глобалистички идеи.
Родина Македонија во точка 6 од Програмските цели се залага за „Соработка за помирен и побезбеден свет со нашите истомисленици, патриотите од Америка, Европските нации, преку братските словенски народи и Русија, новите регионални и светски сили од Турција, преку Индија и Кина.“