За издавање на транзитна дозвола за превоз на воен материјал, која може да биде издадена само на романски оператер, треба да се исполнат неколку услови, пренесуваат медиумите.
„Еден од условите е услугите на романскиот оператор, кои се издаваат врз основа на дозвола за транзит, не треба директно или индиректно да одговараат на интересите на физичко или правно лице, институции или организации од Руската Федерација, ниту да бидат наменети за користење во Русија“, наведува романското министерство и додава дека овој услов не е исполнет, односно дека лиценца не ни била издадена.
Романската телевизија „Диги 24“ објави дека се работи за 30 тенкови Т-72С и 30 оклопни транспортери БРДМ-2 кои се испратени во согласност со договорот меѓу Србија и Русија.