Свет

Рохани потпиша : Пентагон е терористичка организација

HASAN ROHANI POTPISAO: Pentagon stavljen na listu terorističkih organizacija!

Иранскиот претседател Хасан Рохани во понеделникот потпиша предлог-закон за прогласување на Министерството за одбрана на САД за терористичка организација, одговарајќи на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја стави Револуционерната гарда на списокот на терористички организации.

Иранскиот парламент донесе нова верзија на законот непосредно пред почетокот на ракениот напад врз ирачките бази  Еин ал Асад и Ирбил минатата недела.

Министерството за одбрана на САД беше наведено како терористичка организација набргу откако командантот на единицата за специјални операции на Револуционерната гарда, Касим Солејмани, беше убиен од американски ракети истрелани од беспилотни летала.

Првата верзија на законот беше усвоена во април, откако неколку дена претходно американскиот претседател Доналд Трамп ја стави Револуционерната гарда на списокот на терористички организации.

Related posts

Leave a Comment