Свет

Русите испраќаат лек во Кина што може да го победи коронавирусот

Кинескиот генерален конзулат го контактираше одделот Урал на Руската академија на науките (РАС) за испорака на триазавирин во Кина, изјави пред новинарите претседателот на Руската академија на науките, Александар Сергеев.

Рускиот министер за здравство Сергеј Крајевој изјави дека Кина тестира триазавирин за борба против коронавирусот, пренесе Тас .

Лекот веќе е испратен во руската амбасада во Кина за да ги заштити вработените и нивните семејства.

„Конзулатот за наука и технологија на кинескиот генерален конзулат во Екатеринбург го контактираше Уралскиот оддел на РАС, барајќи помош при испраќање на лекот триазавирин за лекување на коронавируси“, рече Сергеев.

„Кина побара 500 пакувања од овој лек“, рече Сергеев, додавајќи дека тие се сретнале со претставниците на конзулатот на 28 јануари кога изразија подготвеност да го купат лекот.

Според претседателот на Руската академија на науките, има 800 килограми лек складиран во Новоиралск, кој РАС е подготвен да го испрати во Кина.

Александар Петров, претседател на Одборот на директори на Медсинтеза, кој произведува триазавирин, рече дека фабриката може да работи нон-стоп ако лекот го помине тестот за лекување на болеста.

Related posts

Leave a Comment