Свет

Русија: Без напредок во спроведувањето на меморандумот на ОН, договорот за жито ќе биде суспендиран

Русија: Без напредок во спроведувањето на меморандумот на ОН, договорот за жито ќе биде суспендиран

 

МОСКВА – Доколку нема напредок во спроведувањето на меморандумот меѓу Русија и ОН за извоз на руски земјоделски производи, руската страна ќе го прекине учеството во оваа иницијатива за извоз на жито од пристаништата на Црното Море, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија денеска .

Одлуката за натамошно продолжување на иницијативата ќе зависи од напредокот во исполнувањето на условите договорени во меморандумот меѓу Русија и Обединетите нации, се наведува во соопштението за печатот на руското Министерство за надворешни работи, пренесува ТАСС.

„Нашето учество во црноморската иницијатива за жито ќе биде прекинато без напредок во имплементацијата на гореспоменатите барања, кои апсолутно не се нови и треба да се решат во рамките на меморандумот меѓу Русија и ОН“, се вели во соопштението на Русите. посочува Министерството.

Related posts

Leave a Comment