Свет

Русија го напушта Советот на Европа

Совет на Европа: Признавањето на таканаречените ДНР и ЛНР од Русија е  спротивно со меѓународното право | Вечер ...1963 | Vecer MK

Русија денеска објави дека го напушта Советот на Европа, обвинувајќи ги ЕУ и НАТО за злоупотреба на таа организација.

Руското Министерство за надворешни работи ги обвини ЕУ и НАТО дека го „злоупотребуваат“ апсолутното мнозинство во Комитетот на министри на Советот на Европа, дека продолжуваат да ја уриваат таа организација и заедничкиот хуманитарен и правен простор во Европа.

Беше оценето и дека текот на настаните „стана неповратен“.

Руското Министерство соопшти дека Москва нема намера да трпи вакви субверзивни акции на „колективниот Запад“.

„Русија нема да учествува во правењето на најстарата европска организација простор за заклетва на западната супериорност и нарцизам. Нека уживаат во меѓусебната комуникација, без Русија“, се вели во соопштението на руското министерство.

На 25 февруари, ден по руската воена интрвенција во Украина, Комитетот на министри на Советот на Европа го суспендираше правото на Русија да се претставува со гласање во Советот на Европа.

Според тоа, Русија не е исклучена од Советот на Европа и остана потписник на релевантните конвенции, вклучувајќи ја и Европската конвенција за човекови права.

Related posts

Leave a Comment