Свет

Русија е подготвена да испрати уште војници во Венецуела доколку е потребно

 

Руската војска е подготвена да испрати нови војници во Венецуела доколку е потребно, изјави во петокот рускиот службеник во министерството за надворешни работи на Русија за латиноамерикански прашања, Александар Схетинин.

“Имаме договор со Венецуела за почитување на договореното. Секој договор за одржување воена опрема бара одреден број на луѓе. Понекогаш повеќе, понекогаш помалку. Ако се потребни повеќе луѓе, ќе испратиме колку што е потребно “, изјави дипломатот на прашањето дали Москва е подготвена да го зголеми бројот на воени експерти што ја одржуваат опремата во Венецуела, објави РИА .

Минатата недела, “Волстрит џурнал”, цитирајќи неименуван извор објави дека Русија ги повлекла клучните одбранбени експерти од Ростек Корпорацијата од Венецуела.

По извештајот, американскиот претседател Доналд Трамп напиша на твитер дека Москва, наводно, ја информирала неговата администрација дека “ги отстранила повеќето од своите луѓе” од Венецуела.

Одговарајќи на изјавата на Трамп, рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков истакна дека Москва официјално не ги известила САД за такво нешто, додавајќи дека руските специјални сили продолжуваат да дејствуваат таму.

Loading...

Related posts