Свет

Русија исклучена од Советот за човекови права при ОН, Османи ликуваше

 

Генералното собрание на Обединетите нации денеска гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева.

За иницијативата, предводена од САД, според новинарските извештаи, гласале 93 земји, 24 земји гласале против, а 58 земји биле воздржани, објави „Ројтерс“.

Резолуцијата за суспензија на учеството на Русија во Високиот комесаријат за човекови права на ОН, за која денеска гласаше Генералното собрание на Светската организација, нема никаква врска со човековите права, изјавил заменик-претставникот на Руската Федерација во ОН, Генадиј Кузмин.

„Она што го гледаме денес е обид на САД да задржат доминантна позиција и целосна контрола, да ја продолжат линијата на колонијализмот на човековите права во меѓународните односи“, рекол Кузмин на седницата на Генералното собрание на ОН.

Според агенциите, за суспендирање на Русија било потребно двотретинско мнозинство, а воздржаните не се броеле.

Русија вчера ги предупреди членките на ОН дека гласањето „за“ или „воздржано“ во Москва ќе се смета за непријателски гест, со последици за билатералните врски.

Шефот на дипломатијата на квинслиншката влада на таканаречената северна и докажан русофоб, Бујар Османи, на Твитер Напиша дека „Северна Македонија ги осудува „флагрантните и системски прекршувања на човековите права“, објавувавјќи листа од земјите кои гласале за исклучување на Русија.

Related posts

Leave a Comment