Свет

Русија покрена кривична постапка против судиите и обинителот на Хашкиот Суд, наместо тие Путин, Путин ќе ги апси нив!

Who is Vladimir Putin? | South China Morning Post

Истражниот комитет на Руската Федерација покрена кривична постапка против судиите и обвинителите на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои минатата недела издадоа срамна потерница за апсење на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин .

Кривичното гонење на претседателот на Русија и народниот правобранител за деца е незаконски, меѓу другото, затоа што не постои реална основа за такво нешто, смета истражниот комитет.

Истражниот комитет на Руската Федерација покрена кривична постапка против обвинителот на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Карим Ахмад Кан и судиите Томоко Акане, Росарио Салваторе Аитали и Серхио Херардо Угалде Годинез – се наведува во соопштението на Комитетот на Телеграм .

Обвинителот е обвинет дека обвинил невин човек за кривично дело што не го сторил, обвинет е и за обид за приведување на невин човек поради кривична одговорност, но и за подготовка на напад врз претставник на странска држава, кој е под меѓународна заштита. 

Судиите се товарат за нешто слично – обид за намерно и противправно лишување од слобода и подготвување напад на претставник на странска држава кој ужива меѓународна заштита.

И судиите и обвинителот се обвинети дека ги преземале овие мерки со цел заострување на политичката состојба во светот, информираат од Истражниот комитет.

За потсетување, Руската Федерација ги нема ратификувано одредбите од Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и затоа ниту една нејзина одлука не може да има правно значење кога станува збор за Русија. 

Руските власти остро го осудија налогот за апсење на Путин, посочувајќи дека тој не е правно обврзувачки и е апсолутно ништовен. Претседателот на Думата Вјачеслав Володин предупреди дека одлуката е форма на агресија врз целата земја, бидејќи нападот врз претседателот се толкува и како напад врз Русија.

 

Related posts

Leave a Comment