Русија смета дека евентуалната воена операција на Турција во Сирија е неразумна бидејќи може да ескалира и да ја дестабилизира ситуацијата, изјави во средата рускиот пратеник за Сирија Александар Лаврентиев, пренесе агенцијата РИА.
Лаврентиев рече и дека Москва повеќе не ја смета Женева за соодветно место за разговори меѓу Сиријците, пренесе агенцијата ТАСС.
Рускиот претставник во средата беше во главниот град на Казахстан, Нур-Султан на разговори со Турција, Иран, сириската влада и бунтовниците, пренесува Ројтерс.
Анкара порача дека мора да дејствува во Сирија бидејќи Вашингтон и Москва ги прекршија ветувањата дека ќе ја потиснат претежно курдската група ЈПГ на 30 километри од границата по турската офанзива во 2019 година, и наведе дека нападите од областа под контрола на ЈПГ се зголемени.