Свет

Руските АнархоКомунисти: Ќе продолжиме да ги минираме пругите за да го спречиме снабдувањето на Руската Армија

Russia's anarcho-communist rail saboteurs | Workers' Liberty

 „Борбената организација на анархо-комунистите“ (БОАК) најави дополнителни акти на саботажа на железничката мрежа во Белорусија, со цел да се прекине синџирот на снабдување на руската армија во Украина. Во писмената изјава за австриската агенција АПА, БОАК им порачува на белоруските власти дека „во Белорусија има премногу шуми и партизани“ и дека нивните акции не можат да се запрат. Колку се успешни актите на саботажа засега е нејасно, додава БОАК, што укажува дека белоруската влада ги крие своите неуспеси.

„Но, гледаме дека руската инвазија има многу проблеми и се надеваме дека барем делумно сме причината“, велат тие. Во понеделникот, во близина на рускиот град Брјанск, на тромеѓето помеѓу Русија, Белорусија и Украина, БОАК ги разнесе железничките пруги.

„Има многу акции на различни групи и поединци, кои дејствуваат независно од нас со помалку бучни методи. На пример, врзувањето на две шини, што предизвикува лажна тревога поради што треба да се затвори целата делница, а тоа доведува до доцнење“, објаснуваат од БОАК.

„Не можеме да стоиме настрана додека луѓето страдаат и умираат. Покрај тоа, ние сме убедени борци за слобода“, ги објаснуваат своите мотиви. Тие наведуваат дека тајните чинови на саботажа во моментов се побезбедни во Белорусија отколку отворените протести

Related posts

Leave a Comment