Свет

Руските сили го употребија системот Бастион (ВИДЕО)

РУСКОТО Министерство за одбрана денеска соопшти дека на бојното поле во Украина биле користени крстосувачки ракети „Оникс“.

Како што беше соопштено, крстосувачките ракети „Оникс“ на комплексот „Бастион“ го уништија штабот на групата украински војници во Шахтјорск, а беа елиминирани околу 40 војници.

Беше речено и дека оперативно-тактичката авијација во текот на денот погодила 40 воени објекти во Украина, а системите за противвоздушна одбрана собориле еден украински хеликоптер Ми-24 во реонот на Гуљај Поље и 4 украински беспилотни летала во областите на Новомихајловка, Изум и Харков.

Специјалната воена операција на Русија во Украина продолжува 37ми ден. Во Мариупол се водат жестоки битки. Украинците ја нападнаа руската област Белгород со два хеликоптери. Цел – две складишта за нафта, по што избувнал пожар.

Related posts

Leave a Comment