Свет

Руското обвинителство бара суд да ја прогласи платформата Мета за „екстремистичка организација“

Facebook changes company name to Meta

МОСКВА – Руското обвинителство побара од судот да ја прогласи Мета платформата, компанија-мајка на Фејсбук за „екстремистичка организација“, објави денеска агенцијата Интерфакс.

Државниот обвинител побарал и од руската служба за надзор на комуникациите да го ограничи пристапот до социјалната мрежа Инстаграм, сопственост на Мета, пренесува Ројтерс.

Британската агенција во четвртокот објави дека Мета ќе им овозможи на корисниците на Фејсбук и Инстаграм во некои земји да повикуваат на насилство врз Русите и руските војници во контекст на рускиот напад врз Украина.

Руската новинска агенција, Тасс, објави дека руските истражители покренале судска постапка за активностите на Мета.

Related posts

Leave a Comment