Свет

Руско предупредување до странските платеници: Размислете седум пати пред да заминете за Украина

Руското Министерство за одбрана ги предупреди странските платеници кои имаат намера да дојдат во Украина за да учествуваат во борбите на страната на режимот во Киев да размисат повеќе од добро за тоа.

„Ги повикувам граѓаните на странските земји кои планираат да одат да се борат на страната на киевскиот националистички режим да размислат седум пати пред да заминат“, предупреди официјалниот претставник на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Конашенков рече дека според меѓународното хуманитарно право, платениците не се редовни борци и немаат право на статус на воен заробеник.

Она што ги чека во најдобар случај е кривично гонење, изјави Конашенков.

Related posts

Leave a Comment