Свет

САД не можат да го спречат Иран да развие нуклеарно оружје, вели Врховниот лидер на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека спречувањето на Иран да стане нуклеарна сила е еден од неговите главни приоритети

Иранскиот Врховен лидер- Ајатолах Али Хамнеи

Иран нема планови да развие нуклеарно оружје, но ако земјата одлучи да го стори тоа, САД нема да можат да направат ништо, рече иранскиот Врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на разговорите со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Техеран во четвртокот.

“Ние сме против нуклеарно оружје, а мојата фатва го забранува нивниот развој. Сепак, треба да знаете дека ако одлучиме да развиеме нуклеарно оружје, САД нема да можат да сторат ништо”, рече Хамнеи, како што го цитираше новинската агенција Фарс. Според иранскиот Врховен лидер, ова е причината зошто изјавите на Вашингтон за ова прашање немаат смисла.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека спречувањето на Иран да стане нуклеарна сила е еден од неговите главни приоритети.

Шинзо Абе, кој пристигна во Иран во средата, веќе оствари разговори со претседателот на државата, Хасан Рохани. Ова е прва посета на еден  јапонски премиер на Иран од 1978 година.

 

 

Loading...

Related posts